Македонската фолкерка се пофали со своето опacно дeкoлте – гостите ВООДУШЕВЕНИ, цела вечер ја „китеа“ со пари (фото)
Пејачката во последно време е во топ форма и никого не остава рамнодушен со својот изглед.
Познатата македонска фолк пејачка Сања Цинцева работи под полна пареа, што можеме да го видиме и на социјалните мрежи.
Имено, пејачката која е позната и како Сања Барби, на својот официјален профил на Инстаграм редовно објавува фотографии и видеа од своите настапи.
Така беше и овој пат кога облечена во црвено сако покажа како изгледа, а во фокусот беше нејзиното декoлте со кое никого не остави рамнодушен.
Таа ги изненади своите фанови со ова шик издание, но и гостите во ресторанот во кој што настапи. Тие очигледно беа воодушевени од неа, па ја почестија со убав бакшиш, кој пејачката одвај го држеше во рацете.
Таа доби голем број комплименти и за својот изглед, посебно кога на ваков начин ќе го истакне своето убаво тело.
Инаку, популарната фолк пејачка и пред неколку недели објави видео на кое се гледа како ја крева атмосферата до лудило во еден ресторан. Таа и тогаш заработи поприлично голема сума на пари од бакшишот што го доби, а гостите очигледно беа презадоволни од нејзиниот настап.
Посебно кога пејачката почна да меша со кoлковите во тесниот фустан, оставајќи ги без зборови оние што беа во близина.
Како таа изгледаше и тогаш, кога погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева