Македонската фолкерка откри зошто нема момче – дали постои надеж Адријана Кеш да се заљуби?
Македонската фолкерка ги засмеа сите со оваа објава.
Адријана откри зошто и понатаму е сама и нема момче.
Адријана Ацевска, во јавноста позната како Адријана Кеш важи за една од најзгодните пејачки на македонската фолк-естрада.
ФОТО: Инстаграм / Адријана Ацевска
Својот надимак Кеш го доби од нејзината најпопуларна песна „Кеш, кеш“, без која не може да се замисли ниту една веселба.
Извесен период освен како пејачка, можеме да ја видиме и во улога на водителка на поткастот „Искрено“, во кој води заедно со Ивана Наскова.
ФОТО: Инстаграм / Адријана Ацевска
Нивни гости се успешни, популарни и иреализирани личности.
Адријана својот приватен живот го крие како змија нозете и ниту едно свое момче нема претставено во јавност.
ФОТО: Инстаграм / Адријана Ацевска
Иако публиката постојано се двоуми дали пејачката е сама или заљубена, таа сега го даде одговорот.
Адријана потврди дека и понатаму е сама и ја бара својата сродна душа, но се пошегува дека сѐ повеќе ѝ се чини дека такво нешто нема да доживее.
„Кога некој ќе ме праша зошто сум сама, одговарам: Јас сум многу романтична личност. Сакам да сум заљубена и искрено верувам дека за секој постои некој и колку повеќе одам на состаноци, толку повеќе сфаќам дека мојата сродна душа починала при раѓање”, се вели во видеото кое го објави на Инстаграм приказна.