Македонската фолкерка ги загрижи фановите- заврши на инфузија па сите се прашуваа што и се случи
Македонската фолкерка заврши на инфузија.
Сања Сани Гроздановска е една од најактуелните пејачки во моментов во Македонија.
Отворено зборува за својот приватен живот, а публиката ги обожава нејзините смешни видеа со ќерките и пријателите.
Од 2017 година таа успешно плови во брачните води со сопругот Мартин Гроздановски. Се запознале на свирка во една скопска кафеана.
На нивната свадба која беше организирана во еден познат скопски хотел присуствуваа познати лица од шоу-бизнисот, новинари, ТВ водители.
Круна на нивната љубов е ќерката Ева, додека Сани од првиот брак ја има и ќерката Вики.
Ико е мајка на две деца таа изгледа неверојатни, па плени и со својот глас, но и стас.
Сани е активна на социјалните мрежи, а сега ги загрижи своите фанови откако на кратките Инстаграм приказни сподели виде додека лежи на кревет и прима инфузија.
Како позадина ја стави песната од „Констракта“, српската претставничка на Евровизија.
Сепак после ова виде таа сподели видео од настап со уште еден нејзин колега каде заедно пееја и ја забавуваа публиката, а пото и видео од автомобил на кое исто така пее.
Дали се работело за исцрпеност или само шега засега не е познато, но се надеваме дека Сани е добра и во добро здравје.
Инаку таа неодамна се врати од настап во Швајцарија и веднаш после неколку дена се пофали со нов автомобил.
-Со здравје да си ја возам, напиша Сани и позираше во својот нов автомобил, а честитки пристигнуваа од сите страни.
Сани важи за пејачка која е популарна во Македонија, но и надвор од неа.
Често е ангажирана со бројни настапи и секаде каде што настапува е преполно до последно место, па не е ни чудо што добро заработува и може да си дозволи нов автомобил.