Македонската прва дама се појави и му го украде шоуто на претседателот Пендаровски – фатално издание што ќе го засакате на прв поглед!
Вистински избор за една ваква пригода
Нашата прва дама заедно со претседателот се појави на еден настан и ги воодушеви сите со својата модна комбинација.
Сопругата на претстедателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, е позната по својот женствен, елегантен и автентичен моден стил, со кој секогаш кога ќе се појави војавноста изгледа модерно и романтично.
Овој пат таа посебно привлече внимание со изборот на бојата што ја носеше од глава до пети и со која блескаше додека позираше со насмевка покрај претседателот.
Имено македонската прва дама за оваа пригода ни покажа фантастично свечено издание со кое секоја претставничка на понежниот пол би блескала.
Во преден план е нејзиниот преубав фустан во боја на вино, а еден детаљ посебно ни го привлече вниманието.
Во прашање е големата панделка во пределот на јаката која на целото издание му додаде доза на романтика и лежерност.
Што се однесува до „бургунди“ бојата на преубавата дизајнерска тоалета, првата дама и овој пат не воодушеви избирајќи ја оваа нијанса која во последните години е апсолутен хит и претставува тренд што го обожава секоја дама.
Фустанот е со долги ракави, тесен во половината и благо се шири кон здолништето кое е со должината до подот.
Бети во него изгледаше фантастично, истакнувајќи ја својата беспрекорна линија, а целото издание го зачини со нежни, виткани локни.
Во продолжение погледнете неколку интересни комбинации кои можат да ви послужат за инспирација како да ја носите оваа боја…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм