Македонската „Пинк ѕвездичка“ во ова издание изгледа подобро и од Кардашијан – се преполови и направи хаос на Инстаграм!
Во последно време е сè попопуларна и интересна за јавноста.
Постојано добива позитивни коментари, а не е ни чудо баш поради начинот на кој изгледа, но и пее.
Антониа Гиговска е сè поактивна на социјалните мрежи и постојано експериментира со својот изглед, а се чини дека на нејзините фанови толку тоа им се допаѓа.
Кариерата ја започна многу млада, па од моментот од кога е појави на музичката сцена, па се досега доживеа вистинска тренсформација.
Кога станува збор за Антониа едно нешто никогаш не се смени, а тоа е нејзиниот прекрасен глас.
Антониа својата фигура ја доведе до совршенство со посебна исхрана и напорни тренинзи, а неодамна откри дека изминатата година ослабела дури 30 килограми.
Младата пејачка се чини дека се гордее со своето тело, па се почесто го покажува, но никогаш не во вулгарни изданија, туку нежни, суптилни и сензуални.
Овојпат таа позираше во тесен комбилизон во беж нијанса кое совршено го истакна нејзиното извајано тело, па доби и многу лајкови и коментари
Еден од коментарите беше и на популарната водителка Лила Филиповска која Антониа ја спореди со Ким Кардашијан.
Сепак Антониа не мирува па деновиве направи и една интересна промена, па ги праша фановите како им се допаѓа.
На кратките Инстаграм „приказни“ таа сподели видео на кое и прават многу ситни локни, па во еден момент се чинеше како д има кратка коса, па ги праша фановите дали и стои кратка коса.
Нема сомнеж дека таа изгледа преубава и со кратка и со долга коса, но сепак многумина гласаа да си остане со долга коса.