Реклама
Наши ѕвезди

Македонската пејачка повторно предизвика скандал – ги шокираше сите со она што го направи овој пат

Не избира зборови кога некој ќе ја изнервира

Реклама

Нашата познат пејачка Марија Тодоровска, попозната како Марија Луиса, важи за дама без влакна на јазикот.

Марија пред извесен период реши повеќе да не молчи на бројните навреди што ги добиваше од возрасни жени кои ја критикуваа за сé што ќе направи, а најмногу за провокативните фотографии што речиси секојдневно ги објавуваше, па неодамна распали безмилосно по нив на социјалните мрежи (види тука).

Неодамна беше брутална и кој една позната авиокомпанија што работи во Македонија, а повеќе за ова прочитајте тука.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Таа тоа го направи и сега, само што овој пат скандалот што го предизвика нема никаква врска со „хејтерите“, туку со ЕВН.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Имено, Марија реши на поприлично вулгарен начин да се пресмета со оваа компанија откако доби повисока сметка.

Она што го направи ги шокираше сите, посебно оние што сметаа дека таа е јавна личност и дека не смее да реагира на еден таков начин.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

„Алооо, ЕВН, дали сте нормални?! Јас сама да потрошам толку струја не е реално“, напиша таа врз својата сметка за струја што ја објави, а на која се гледа дека фолкерката треба да плати преку 7000 денари.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Марија потоа додаде и нешто уште повулгарно, шегувајќи се на своја сметка, но и покажувајќи дека е жена без влакна на јазикот.

Но очигледно дека Марија знае како да го сврти вниманието од себе, па дури и со една ваква банална работа. И воопшто нема да се изненадиме ако и со ова свое однесување повторно им се најде во фокусот на хејтерите, па доколку сте еден од нив, однапред ве известуваме дека недолични и навредливи коментари нема да толерираме и истите веднаш ќе бидат отстранети.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Тука сме да се забавуваме и да се шегуваме, но сé има свои граници, а навреди за лицата за кои пишуваме, не се дозволени…

Повеќе за нашите правила за коментирање прочитајте тука >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button