Македонската пејачка за своето ново момче: „Екстремно е љубоморен, ми даваше по малку храна“ (фото)
Познатата македонска манекенка и пејачка за периодот кога не се појавуваше во јавност.
Кристина ги изненади сите со својот одговор поврзан со новата љубов и периодот кога се повлече од јавноста.
Кристина Димитри јавноста ја запозна како манекенка и фитнес тренер, но веќе неколку години успешно работи и како пејачка.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитри
За многу кратко време Кристина успеа да се докаже и во музиката, а на нејзините настапи се бараше билет повеќе.
Неколу години беше во врска со пејачот Даниел Кајмакоски, а плод на нивната љубов е синот Давид, кој сега има 8 години.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитри
По нивниот развод таа целосно се посвети на кариерата и својот приватен живот го крие како змија нозете.
Пред неколку месеци на социјалните мрежи откри дека повторно е вљубена, но ликот на новото момче никогаш не го откри.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитри
Иако беше многу активна и на социјалните мрежи и на другите медиуми, а воедно и во музиката, сепак одлучи неколку месеци целосно да се повлече од јавниот живот.
На прашањето „каде беше периодов“ од новинарот во естрадниот магазин Бекстејџ, Кристина се пошегува и одговори:
„Бев заклучена во подрум едно година дена, затоа и линијата си ја одржував, ми даваше по малку храна колку да преживеам и ете сега рече ајде, ништо, ќе те пуштам малку да се вратиш да работиш“ вели во шега Кристина.
ФОТО: Инстаграм / Кристина Димитри
Пејачката сепак истакна дека новиот партнер ѝ е екстремно љубоморен, но само доколку не е заедно со неа на настап.
Кога е со неа ништо не му пречи.
Иако се шпекулираше дека е бремена, Кристина ги демантираше овие информации и истакна дека кога тоа ќе се случи нема да го крие од јавноста, затоа што за неа тоа е нешто најубаво на свет.