МАКЕДОНСКАТА ОПЕРСКА ДИВА ПОКАЖА КАДЕ УЖИВА – со фотографиите од летувањето ги воодушеви сите
Ужива во својот одмор од каде објави неколку фотографии
Македонската оперска певица, Ивона Нацевска, ги спакува куферите и замина на годишен одмор.
Младата македонска оперска дива реши да го искористи овој период да се одмори и да собере енергија за претстојните обврски.
Имено, шармантната Ивона пред само неколку дена одржа концерт во фоајето на Националната опера и балет кога со својот моќен сопрано и заедно со гостинот од Италија, пијанистот Антони Чачо, ја воодушеви нашата публика.
Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска
Таа на концертот настапи во преубава тоалета во која изгледаше како принцеза, а целото издание го зачини со преубава огрлица.
Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска
Ивона покрај оперското пеење со кое се занимава професионално, обожава и да фотографира, а нејзиниот профил на Инстаграм изобилува со преубави фотографии кои ставаат без здив.
Таа е поприлично активна и на социјалните мрежи, а овој пат објави неколку фотки од својот одмор со кои ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска
Облечена во опуштено летно издание составено од бермуди и шорц таа уживаше покрај морската шир, загледана во хоризонтот.
Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска
Таа во рацете држеше шешир и позираше свртена со грбот, додека лицето и беше покриено со темни очила за сонце.
Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска
Инаку, сопранот Ивона по потекло е од Тетово, а вработена е во Националната опера и балет во Скопје.
Покрај музиката и фотографирањето, таа обожава и да чита книги, а својот прв солистички концерт го одржа минатата година.
Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска
Повеќе фотографии од оваа наша млада оперска дива која со својот шарм плени каде и да се појави, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Ивона Нацевска
Како Ивона станала оперска певица и каква улога имал Тоше Проески во нејзиниот живот, прочитајте тука >>