Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда ја покажа сопругата – оваа убавица му го освои срцето на младиот пејач

Пејачот што ги освои сите со својот раскошен глас повторно ги воодушеви своите верни фанови

Реклама

Македонската Гранд ѕвезда, Мите Стоилков, ги изненади сите со своите последни објави на социјалните мрежи.

Имено, Мите кој додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ важеше за еден од најскромните и најубаво воспитани момчиња при крајот на минатата година се закона на вечна љубов.

Тој „рипна во тавче“ во ноември 2023 г., а сега сподели неколку интересни фотографии со неговата избраничка Марија Минова.

Маркетинг

Мите кој се прослави со победата во Пинк ѕвезди, а потоа и со неговите генијални настапи во „Ѕвездите на Гранд“ и освоеното четврто место, овој пат ги изненади своите бројни фанови најпрво со фотографија на која е во романтична прегратка со својата сакана, а потоа ги покажа и кумовите и деверот кој сите ги изненади.

Маркетинг

Пејачот објави и една фотографија на која е и неговиот братучед Трајче Горгиев кој исто така и е многу добро познат на публиката.

„Спремни за големи моменти со кумот и деверот. Благодарни сме што ги прифативте улогите на кум и девер“, напиша Мите под нивната заедничка фотографија со која што ги изненади сите.

Имено, Мите иако е присутен на јавната сцена како кај нас, така и во соседството, тој ретко споделува моменти од приватниот живот.

Ова е и првата фотографија што ја има објавено со својата сакана, па следува бројни коментари дека се совршен пар.

Потсетуваме, Мите ја запроси својата сакана на 9 ноември минатата година во дворот на волшебниот Бигорски манастир.

Тие потоа направија и голема веселба, а фотки од неа тогаш сподели пријателот и колегата на Мите, хармоникашот Мишел Трајковски.

Инаку, Мите во последно време е активен и како пејач на „Џеј трубјут бенд“, група направена во чест на легендарниот Џеј, а зад која стои познатиот Александар Радуловиќ Фута, сопругот на Марина Туцаковиќ која почина пред три години.

Имено токму Марина и нејзиниот сопруг Фута најмногу допринесоа за кариерата на Џеј Рамадановски и неговите големи и безвременски хитови, па честа да биде пејач на „Џеј трубјут бенд“ му припадна токму на Мите Стоилков, според изборот на Фута.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button