Македонската Гранд ѕвезда што направи веридба како во турските сапуници се пофали со свршеничкиот прстен
Пејачката пред неколку недели му кажа „да“ на момчето, па сега сподели и неколку романтични фотографии со него.
Пејачката од Македонка, Мелиса Зијадиќ, беше една од најмладите финалистки што се натпреварувале во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа уште со својот прв настап ги воодушеви сите, за што деновиве пишуваше и „Гранд.онлајн“, потсетувајќи се како Мелиса со својот неверојатен талент ги воодушеви сите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
„Имаше тука многу млади девојки што пеат народна музика откако седам тука, но оваа девојка е најверојатно една од оние што пеат најдобро. Стилски со своите годинки тоа го правиш многу добро“, и’ порача тогаш Марија Шерифовиќ која многу ретко беше вака фасцинирана од некој во шоуто.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но очигледно на Мелиса и беше лесно да го направи тоа, а со својот настап ги воодушеви и сите останати во шоуто.
Инаку, Мелиса по завршувањето во „Ѕвездите на Гранд“ доживеа уште едно големо изненадување во живото.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Имено, нејзиното момче набргу по финалето ја запроси, па следуваше веридба како во турските серии.
Како оваа прекрасна млада дама изгледаше и во ова свое издание, погледнете од фотографиите во продолжение…
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
А еве го и прстенот што си го доби од момчето…
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Потсетуваме, Мелиса по потекло е од прилепското село Лажани од каде што потекнуваат уште две големи музички ѕвезди.
Инстаграм/ Мелиса Зијадиќ
Од ова место се Јашар и Ипче Ахмедовски, а Мелиса во една пригода за познатиот пејач на народна музика ќе изјави:
„Јашар е единствен така што се надевам дека и јас еден ден ќе имам таква кариера. Го запознав и слушна како пеам, многу ме пофали и голем поздрав за него“ изјави Мелиса додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ каде многумина ја споредуваа и со легендарната Драгана Мирковиќ.