Македонската Гранд ѕвезда што го освојува Балканот е вљубена?! Момчето го крие, но не и емоциите
Пејачката никогаш не била посреќна ...
Пред младата пејачка е блескава кариера
Македонската пејачка Андријана Петрушовска која се прослави во „Ѕвездите на Гранд“ се врати на местото каде што сé започна.
Имено, Андријана деновиве се појави на снимањето на ова популарно шоу за да ја промовира својата нова песна „Маније“.
Таа претходната сабота го промовираше и спот за ова песна која веднаш освои симпатии кај слушателите од целиот регион.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Нејзиното појавување пред студиото на продукцијата „Гранд“ им го предизвика вниманието на новинарите, па таа насмеано даваше одговор и на бројните новинарски прашања по и беа поставени.
Пејачката откри дека било супер на снимањето на нејзиниот прв спот за оваа продукција и дека е презадоволна од соработката, но спомена и детаљ од нејзиниот емотивен живот што сите ги изненади.
„Среќна сум и заљубена“, одговори Петрушовска со насмевка на прашањето дали има некое ново момче во нејзиниот живот.
Потсетуваме, Андријана пред само неколку дена го објави спотот за својата прва песна која ветува дека ќе биде голем хит.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Песната е со заразен ритам и освојува на прво слушање така што многумина се убедени дека ќе биде голем хит на Балканот.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Петрушовска во спотот изгледа како светските ѕвезди, а во коментарите добива само пофални зборови и позитивни импресии.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Инаку, таа во последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“ го освои третото место, кога велешанецот Мики Секуловски го освои второто, а победничка беше младата пејачка Шејла Зониќ од Босна и Херцеговина со кого и Петрушовска и Секуловски не кријат дека имаат одличен професионален, но и пријателски однос.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Повеќе за ова прочитајте тука...