Македонската Гранд ѕвезда со емотивна порака за најважната жена во НЕГОВИОТ живот, сите изненадени од неговиот потег
Македонскиот пејач покажа кој е неговата најголема поддршка во животот.
Огнен Здравковски македонската јавноста го запозна по учеството во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Огнен инаку е внук на легендарниот виртуоз на виолина, Зоран Џорлев.
Џорлев го загуби животот во јануари оваа година од компликации предизвикани од вирусот Ковид 19.
Огнен за медиумите откри како тој и неговото семејство дознале за смр-ттa на неговиот вујко.
Прва дознала сопругата на Џорлев, а потоа целото семејство.
„Ние живееме сите заедно, неговото семејство и моето семејство во иста куќа. Се лекуваше на инфективна клиника во Скопје и лекувањето беше стабилно.
Немаше некои компликации. И последниот ден, последниот час се случи тоа што не требаше да се случи, се откачи тpомб и не успеа да се избори со оваа проклета болеcт. Ете ќе кажам тоа било Божја волја, така требало да биде.
Како велат – добрите луѓе му требаат на Бога, а ете тој прерарно му требал. Сега ќе им свири на ангелите, ќе не чува од горе, кажа Огнен и додаде:
За вујко ми ќе кажам дека тој беше најпрекрасниот човек што го познавав во мојот живот. Тој ми беше како втор татко. Секогаш ме советуваше за музиката, за моето пеење. Среќен и горд сум што ми бил вујко.“
Тој беше човек со огромно срце, огромна душа, знаеше да прави само добри работи“ кажа Здравкоски.
По стапките на вујкото тргна и сестрата на Огнен, Оле Здравковска, која свири на виолина.
Оле со години свири во Македонската филхармонија и не крие дека љубовта кон виолината ја наследила од својот покоен вујко, но понекогаш знае и да запее заедно со брат ѝ и мајка ѝ Софче Џорлева.
Огнен и Оле се многу поврзани и си се најголема поддршка за се во животот.
По повод нејзиниот роденден, пејачот напиша емотивна порака посветена за неа.
„НАЈСРЕЌЕН РОДЕНДЕН НА МОЈАТА НАЈГОЛЕМА ПОДДРШКА ВО СЕ, ЗАСЕКОГАШ!
Биди ми жива, здрава, најсреќна, како и секогаш најпозитивна и сите желби да ти се исполнат моја ЕДИНСТВЕНА СЕСТРО!“, напиша тој на Фејсбук.
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски
Фото: Фејсбук / Огнен Здравковски