Македонската Гранд ѕвезда соопшти преубави вести – честитки пристигнуваат од сите страни (фото)
Не беше лесно, но на крај конечно успеа да го направи тоа
Некогашната Гранд ѕвезда од Македонија, Огнен Здравковски, заради својата кариера школувањето го стави во втор план.
По учеството во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што со својот талент пристигна до самото финале неговата кариера почна забрзано да се движи по угорна линија и да реди успеси.
Набргу по шоуто Огнен сними неколку песни и цело време настапуваше низ клубовите во Македонија и регионот, така што не можеше целосно да му се посвети на учењето и студиите.
Но како што сега самиот се пофали сега на Инстаграм, по неколку години пауза тој конечно ја доби дипломата.
Огнен дипломираше на музичката академија во Скопје, па радосната вест ја сподели со своите бројни фанови.
„По пет години пауза денес конечно дипломиран соло пејач“, се пофали Огнен, па сподели фотографија и од гордите родител.
„Мојата најголема поддршка и љубов – мама и тато“, напиша Здравковски на денот на одбраната на дипломската и сите ги воодушеви.
Инаку, и сестрата на Огнен, Оле Здравковска, е школувана музичарка. Таа е виолинистка и свири во Македонската филхармонија.
Оле исто како и нејзиниот брат, не крие дека љубовта кон музиката ја наследила од нивниот вујко, маестрото Зоран Џорлев.
Токму поради прераната смрт на маестрото сестрата на Огнен ја одложи свадбата, која потоа се случи во септември минатата година.
Свадбата се случи на отворено, а Огнен тогаш не ја криеше радоста што неговата сестра зачекори во брачните води.
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски