Македонската „Гранд ѕвезда“ соопшти преубави вести – му кажа „да“ на МОМЧЕТО, па откри и дека веќе ја договориле свадбата!

Младата македонска пејачка која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ ги изненади своите фанови.

Битолчанката Марија Груевска, која ужива во долгогодишната врска со Синиша Стојаноски, викендов се сврши во кругот на најблиските.
Марија и Синиша пред неколку месеци својата врска ја подигнаа на едно повисоко ниво кога атрактивното момче ја побара својата партнерка за жена и тоа во исиот ден кога Марија го започна снимањето на својот прв спот.
Тие сега одлучија да направат и мала веридба и со своите најблиски официјално да го прослават овој голем момент.
„Направивме мала веридба на која беше само семејството, а потоа продолживме со нашата забава на која пееше Ристе Ристески и се забавувавме до зори“, изјави шармантната пејачка за „Гранд.онлајн“.

Пејачката не го крие возбудувањето и од тоа што тие веќе на големо се подготвуваат и за нивната свадба.

Таа откри дека терминот е закажан за во август и дека ќе биде тоа голема свадба на која ќе им пеат повеќе пејачи и бендови.

Инаку, момчето на Марија цело време беше покрај неа додека таа се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“.

Тој се појави и во нејзиниот спот за првата песна, а ги освои сите со своето мускулесто тело.

Синиша се појави и на сцената во „Ѕвездите на Гранд“, кога заедно со уште неколку момчиња ја носеше саканата.

Марија на својот профил често објавува заеднички фотографии, а како изгледаат заедно, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски
Фото: Инстаграм/ Синиша Стојаноски
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
