Македонската Гранд ѕвезда скокна во своите омилени фармерки и ги ВООДУШЕВИ сите – овој модел жените го обожаваат!
Марија Груевска објави нови фотографии со кои покажа дека изгледа подобро од кога било досега.
И покрај тоа што во мода се широките фармерки, нашата млада пејачка е една од оние дами коишто не можат без својот омилен модел. Имено, Груевска на социјалните мрежи го привлече вниманието со една потполно едноставна модна комбинација, а во главна улога во ова нејзино „кежуал“ издание, покрај фармерките беше и шарената тесна блуска.
Облечена во тесни фармерки кои на прв поглед секако дека не се ништо ново, посебно откако веќе неколку сезони во светот на модата доминираат пошироките модели, ова издание на шармнтната пејачка дефинитивно не можеше да помине незабележано и навистина изгледа фантастично.
Имено тесните фармерки важат за моден детаљ за кој ви е потребна храброст за да се носат, бидејќи ги оцртуваат сите недостатоци на телот и не ласкаат на линијата, но Груевска во нив изгледа неодоливо.
Како што пренесуваат модните гуруа, девојките што имаат тело „песочен часовник“ или во форма на „круша“ не се од оние што би требало да носат фармерки со висок струк.
Тие наместо да го издолжат телото ноншалантно додадат килограми и ќе го нагласат она што не треба да се нагласи. Затоа за девојките со такви пропорции најдобар избор се токму тесните фармерки, какви што обожава и Ким Кардашијан, пишува светскиот „Космополитан“.
А како тоа го прави Груевска, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска