Македонската Гранд ѕвезда се појави на бината и го украде шоуто – горе ПРОЅИРНО И БРУТАЛНО, долу – длабок шлиц до колковите!
Младата пејачка ги воодушеви сите со ова свое издание…
Наскоро повторно ќе уживаме во нејзиниот беспрекорен глас, но и во изданието со кое ќе се појави во „Ѕвездите на Гранд“.
Македонската поп-пејачка Славица Ангелова (20) која на својот прв настап во шоуто ги воодушеви сите и освои неверојатни осум гласови од жирито, на социјалните мрежи го најави својот следен настап и покажа уште едно модно издание со кое ќе и овој пат ќе ги засени сите.
Имено, младата пејачка заблеска во белиот префинет фустан во кој изгледаше како најголемите светски ѕвезди.
Славица изгледаше занесно во долгиот фустан кој ја следи линијата на телото и кој го краси длабок шлиц до колковите.
Фустанот е со полу-проѕирен горен дел и со длабоко деколте во „V“ израз, a Ангелова го носеше со шик сандали со високи потпетици.
Покрај несекојдневно убавата тоалета Славица целото издание го „зачини“ и со својата провокативна поза.
Пејачката на лицето имаше дискретна шминка со која ја истакна својата природна убавина, додека косата врзана во високо коњско опавче и карминот во страсна црвена боја идеално го надополнија целото издание.
Инаку, Славица има 20 години и е студентка по медицина. Таа уште од мали нозе се занимава со музика, а покрај популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ се има натпреварувано и во шоуто за тинејџери, „Некои нови клинци“, како и во бугарскиот „The Voice“ каде исто така ги освои сите со својот неверојатен талент.
Сепак нејзиниот најголем успех беше на сцената во Гранд, каде со својот моќен глас никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова