Македонската Гранд ѕвезда не може да ја сокрие среќата што соработува со популарната пејачка – таа преку ноќ му го оствари сонот!
Александар Јосифовски работи под полна пареа и успешно ја гради својата музичка кариера.
Јосифовски откако замина на турнејата во Америка со музичката фолк легенда Лепа Брена си ги оствари своите соништа. Тој беше среќен што пејачката го избрала токму него да настапува со неа и веднаш ја прифати понудата…
Додека беше на турнеја во Америка заедно со Лепа Брена тој паралелно работеше и на нова песна.
Песната е снимена на Флорида, додека во Њујорк го снимаат спотот. И како што вели Александар за Гранд онлајн, композиторот со кого соработува веќе со години му испратил балада која веднаш му се допаднала, така што сега одвај чека да ја претстави пред публиката.
„Пресреќен сум што сé така излезе. Одвај чекам оваа балада да стигне до луѓето, да ја слушнат и заедно да ги поделиме тие емоции“, истакна тој.
Инаку, Јосифовски откако замина на турнејата во Америка со музичката фолк легенда Лепа Брена си ги оствари своите соништа. Тој беше среќен што пејачката го избрала токму него да настапува со неа и веднаш ја прифати понудата.
Тој се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, каде во последната сезона стигна до самото финале.
Јосифовски беше еден од двајцата победници, а по учеството во шоуто продолжи успешно да ја гради кариерата.
Публиката го обожава, како во Македонија, така и во соседството, и сите му предвидуваат блескава кариера.
Малкумина знаат дека тој е син на позната фолк пејачка која е негова најголема поддршка.
Во прашање е Елизабета Неданоска-Јосифовска која со својот партнер живее во Австралија.
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски