Македонската Гранд ѕвезда не била никогаш поубава – пејачката прв пат искрено и за поранешниот
Пејачката ги освои сите како со својот изглед, така и со своите опуштени одговори, па и на најнезгодните прашања...
Пејачката од Македонија што го освои третото место во „Ѕвездите на Гранд“ блесна во емисијата на Огњен Амиџиќ.
Андријана Петрушовска заедно со Мики Секуловски, Шејла Зониќ и Јулија Петровиќ беа гости во емисијата „Амиџи-шоу“.
Тие открија многу детали од сето она што се случуваше зад камерите на „Ѕвездите на Гранд“, а Мики одговори и на неколку „незгодни“ прашања во врска со гласините дека помеѓу него и Јулија постојат љубовни искри, кои тие и двајцата претходно ги негираа пред камерите.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Андријана за оваа пригода избра преубав летен фустан во кој изгледаше како излезена од некое модно списание.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Во прашање е разиграна креација со бохо летен дезен, а Андријана целото издание го „зачини“ со шик нејзината убава коса врзана во пунџа во стилот на дивите од златната ера на Холивуд.
Како изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Инаку, Андријана во текот на емисијата зборуваше за соработката со нејзините ментори, но и за импресиите од шоуто.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Водителот во еден момент ја праша и за нејзината претходна врска, но и за незгодната ситуација што и се случи во самото финале.
Имено, Андријана имаше мала незгода во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ која што тогаш малкумина ја забележаа.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Тоа се случи додека водителот ги соопштуваше резултатите од гласањето и кога сите беа во исчекување.
Принтскрин/ Јутјуб, Амиџи-шоу
Андријана во тој момент цело време се држеше за главата и седеше на столчето, а кога водителот го прочита нејзиното име и таа мораше да стане, пејачката откри дека и се пукнале панталоните.
Што вели сега Андријана за овој незгоден момент, но и за многу други моменти од шоуто, погледнете во продолжение…