Македонската Гранд ѕвезда и ќерката на пекојниот Џеј Рамадановски објавија вест што сите ги израдува
Македонскиот пејач заради кој песните на легендарниот Џеј ќе продолжат да живеат

Вчера во Белград беше организирана голема промоција на „Џеј трибјут бендот“ во чест на легендарниот Џеј Рамадановски.
Пејач во бендот е Македонецот Мите Стоилков кој се прослави во „Ѕвездите на Пинк“ каде го освои првото место.
Мите се натпреваруваше и во „Ѕвездите на Гранд“ каде беше во тимот на Вики Миљковиќ и беше еден од финалистите.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Како што самиот изјави за „Гранд.онлајн“, чувствува огромна одговорност, но и чест и задоволство што е дел од еден ваков проект.
Инстаграм/ Марија Рамадановска
На промоцијата беше и ќерката на Џеј, Марија Рамадановска која со емотивен говор го поддржа создавањето на новиот бенд.
„Тато ќе беше горд да беше жив. Сето ова е многу емотивно“, изјави пејачката за медиумите, пренесе „Гранд.онлајн“.
Инстаграм/ Марија Рамадановска
Покрај македонскиот пејач дел од бендот ќе биде и Марија, ќерката на Џеј, како и неговиот најдобар пријател од естрадата со кого Рамадановски другаруваше речиси три децении, Зоран Јагодиќ Руле.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Бендот е основан во чест на Џеј и ќе ги изведува исклучиво неговите хитови кои се со потписот на Александар Радуловиќ Фута и неговата покојна сопруга, Марина Туцаковиќ.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Токму познатиот композитор Фута беше и иницијатор да се оформи овој бенд, а на промоцијата за прв пат беше претставен и дел од песната „За крај“ што ја изведува легендарниот пејач.
Како што појави српскиот Телеграф, песната е направена со помош на вештачка интелигенција, а истата песна ја испеа и Светлана Цеца Ражнатовиќ за филмот „Недела“ посветен на легендарниот пејач.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Потсетуваме, Мите беше победник на втората сезона во „Ѕвездите на Пинк“, а се прослави и во „Ѕвездите на Гранд“.
Инстаграм/ Мите Стоилков
По победата во едно од најгледаните телевизиски шоуа во регионот многумина за него зборуваа дека е новиот Тоше Проески.
Тогаш Мите цело време беше еден од фаворитите на Светлана Цеца Ражнатовиќ која и прва му ја честиташе победата и му ја даде статуата. По овој триумф Македонецот беше дел и од талент-шоуто „Ѕвездите на Гранд“, и тоа во тимот на кумата на Цеца, Вики Миљковиќ, каде повторно оствари одличен резултат.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Мите е син а музичарот Горан Стоилков, член на групата „Огнени момчиња“, од кого и ја наследи љубовта кон музиката.
Инстаграм/ Мите Стоилков
Тој минатата година ги изненади своите фанови кога во дворот на Бигорски манастир ја запроси својата сакана.
По некое време тој стапи и во брак, со преубавата Марија Минова, а како изгледаа овие посебни моменти на пеачот, потсетете се тука.