Македонската Гранд ѕвезда ги разнежни сите со своите емотивни објави – прв пат во вакво издание
Конечно откриено кој и беше најголема поддршка на новата музичка сензација на Балканот
Славица е на дабар пат да биде нашата нова голема ѕвезда
Интересот за убавата струмичанка Славица Ангелова што ја освои победата во „Ѕвездите на Гранд“ не стивнува.
По нејзиниот триумф во популарното музичко шоу јавноста од целиот Балкан сака да дознае што повеќе информации за неа.
Па така српските медиуми објавија и кој и беше најголема поддршка за време на деветмесечното натпреварување во шоуто.
Имено, Славица во рамките на своите објави во Инстаграм хајлајтс има посветено многу фотографии токму на неа.
Како што пишуваат медиумите од соседството, во прашање е едно преслатко бебе кое на Славица и беше најголема инспирација.
Таа на својот профил има најразлични фотографии, од оние од натпреварот па се до нејзините патувања, но овие објави на кои Славица е со бебето во рацете дефинитивно се посебни и заслушуваат внимание.
Веруваме дека пејачката по секој круг во популарното шоу ги полнеше батериите токму со оваа крофничка во своите раце.
Бебето е толку слатко што на секој што ќе ги погледне овие фотографии со нашата Гранд ѕвезда дефинитивно ќе му го разубават денот.
Инаку, Славица со победата во шоуто освои автомобил во вредност од 20.000 евра, а ќе добие и спот и целокупен маркетинг од Гранд.
Таа во финалето победи со преку 80.000 гласови од публиката, додека за време на натпреварот често завршуваше во баражот.
Но нејзиниот талент беше препознаен од страна на публиката, така што Славица накрај убедливо водеше пред останатите.
Победата беше голем шок за неа што таа и не го криеше, но и за нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид кој беше воодушевен од неа.
Тие сега заедно ќе имаат и свирки низ клубовите во регионот, така што Славица ја чека бурно и работно лето.
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова