Македонската Гранд ѕвезда ги разнежни фановите со ЕМОТИВНИТЕ ЗБОРОВИ што ги напиша на Инстаграм
„Ти си нашиот втор татко“
По спектакуларното финале во „Ѕвездите на Гранд“ во кое триумфираше младата пејачка од Македонија, Славица Ангелова, финалистите се уште ги сумираат импресиите од деветмесечниот натпревар.
Горда на својот успех и освоената награда, Славица Ангелова ги сподели своите импресии од шоуто кое што ја вивна во ѕвездите
Таа на својот профил на социјалните мрежи одговараше на прашања на нејзините фанови, а објави и видео со кое им се заблагодари на сите оние што безрезервно ја поддржуваа во изминативе девет месеци.
Славица посебно му се заблагодари на нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид и неговата пожртвуваност за сите кандидати од неговиот тим.
Видеото го виде и Ѓорѓе кој не го криеше воодушевувањето што победи девојка од неговата екипа за која вели дека е неговото „знаме и орден“.
„Немаше да постои оваа приказна без Вас. Ти си нашиот втор татко кој не научи како да стигнеме до врвот, му напиша Славица на нејзиниот ментор веднаш под неговиот коментар и видеото што го објави.
Славица не заборави и да ги спомене сите останати натпреварувачи за кои имаше само пофални зборови, посебно за оние од нејзиниот тим.
На прашањето од фановите со кого би сакала да сними дует, младата пејачка ја посочи убавата Ксенија Тану, пејачката од Белорусија со која Славица неколку пати пееше во дуел.
Како изгледаше Славица додека блескше на сцената во популарното шоу, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд