Македонската водителка знае како се ужива – ја покажа среќата во СЕМЕЈНИОТ ДОМ, па откри и кој и го прави најубавото кафе!

Популарната македонска водителка ја покажа новогодишната магија во домот на нејзините родители.
Елена Стојановска скоро секое утро плени со нејзината харизма и смиреност на малите екрани. Таа е дел од утринската емисија „Ја сакам Македонија” која се емитува секој ден на Сител телевизија.
Една е од ретките кои го негуваат македонскиот литературен јазик, односно се труди секогаш да говори литературно.

Освен што неуморно работи, таа е активна и на социјалните мрежи, па често споделува со своите фанови како изгледа нејзиниот работен ден.
Водителката често споделува и фотографии од своето семејство.
Својата убавина ја наследила од нејзината мајка, а доказ за тоа се фотографиите кои може да се најдат на нејзиниот Инстаграм профил.

Водителката вели дека нејзиното семејство ја прави среќна и ѝ го разубавува секој ден, но и дека големо задоволство ѝ претставуваат патувањата.
Таа е емотивно исполнета жена и за жал на многу мажи кои би сакале да е соло, таа ужива во љубовта со својот Огнен.

Елена и Огнен стапија во брак во 2010 година, а таа на Инстаграм сподели фотографија од нивната свадба.
„Таа одбра да биде мноооогу среќна, а тој одбра да му биде интересно цел живот“, стои во опис на фотографијата.

Плод на нивната љубов им е ќерката Илина, која е нивни најголем мотив и причина за постигнување поголеми успеси.
Новогодишните и Божиќни празници веќе се ближат и веќе во сечиј дом блесна празничната магија.

Елките се китат, а најголема радост предизвикуваат кај најмладите.
Така е и во домот на родителите на Елена.
Таа одлучи јавно да ја покаже нивната новогодишна елка, а се пофали и дека ужива во празничното кафе, подготвено од нејзиниот татко.

ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска
ФОТО: Инстаграм / Елена Стојановска