Македонската Бијонсе ги запали социјалните мрежи – во ова провокативно издание ги фрли сите во транс!
Пејачката го покажа телото и ги остави сите без здив
Младата пејачка Лина Пејовска реши да скокне во својот омилен костим за капење и веднаш направи хаос на социјалните мрежи.
Имено, и покрај тоа што во прашање е едноделен модел на костим за капење, Лина во него изгледа неверојатно, а на фотографијата во преде план е нејзината „позадина“ со која го запали Инстаграм.
Познато е дека пејачката има прекрасен глас, но откако го облече овој масленесто зелен костим за капење и ја зазеде ваквата позиција сигурни сме дека во блиска иднина се повеќе ќе предизвикува внимание и со својот изглед.
„Бакната од сонцето“, напиша таа под фотографијата.
Следуваше лавина од комплименти и неколку илјади лајкови на сметка на нејзиниот изглед и тоа за помалку од 24 часа.
Инаку, Лина македонската публика имаше можност да ја запознае со нејзиниот генијален настап во шоуто „Пинк ѕвездички“. Нејзината песна „Ако ме сакаш“ стана голем хит во Македонија и регионот, со неколку милиони прегледи на социјалните мрежи. Според карактеристичниот изглед и стил, медиумите ја нарекуваат македонската Бијонсе, а во нејзиното последно интервју за магазинот Гламур, изјави дека би сакала да настапи на иста сцена со Џеси Џеј.