Македонската Барбика кога е на сцена изгледа топ, но без шминка е непрепознатлива – ќе се изненадите од ова нејзино издание!
Македонската фолк-пејачка Сања Цинцева или во јавноста позната како Сања Барбика, покажа како изгледа и без шминка.
Провокативна, згодна и неодолива Сања Барби знае како да го привлече вниманието на сите.
Таа важи за девојка „без влакна на јазикот“ па често и отворено кажува што мисли.
Освен во Македонија, Сања исто така е поприлично актуелна и во соседна Србија каде имаше низа гостувања во претходните години, а сними и неколку песни на српски јазик кои поминаа одлично кај тамошната публика.
Таа е доста активна и на социјалните мрежи, а овојпат ги почести фановите со кратко видео на Инстаграм приказните на кои позира без шминка.
Сања често ја истакнува својата природна убавина и има со што да се пофали.
Ова не е првпат таа да објави фотографија без шминка. Доколку го посетите нејзиниот Инстаграм профил може да видите многу фотографии на кои Сања позира без трошка шминка и изгледа преубаво.
И додека за време на корона кризата сите паузираа таа сними нова песна инспирирана токму од коронавирусот.
Песната со име „Ковид и сеkс“ предизвика големо внимание и стана вистински хит во време на пандемија, таа успеа да пронајде начин и да направи нешто позитивно од сето тоа.
-Брз, динамичен и несекојдневен рефрен. Тоа е она што можам да го кажам за песната. Наскоро следува премиера и се надевам дека на публиката ќе и се допадне нашиот финален производ“, откри сексапилната Сања за „Убавина и здравје“