Македонската Анџелина Џоли и кога е закопчана до грло изгледа БOМБACТИЧНО, а камо ли во едно вакво издание
Македонската Анџелина Џоли во облече фустанче кое само таа умее да го носи.
Кога станува збор за гевгеличанката Александра Накова тешко дека некој може да и парира или да го носи тоа што таа го носи.
Додека летото е во полн ек и сите се фотографираат во костим за капење, таа облече „храбар“ фустан кој е како создаден за забави, на страната отворен, па така Накова ја покажа својата тетоважа, но покажа и дека не носи дoлна oблeка.
Изгледа „боmбастично“, а нема сомнеж дека таа знае како да привлече внимание.
Сепак не изостанаа и фотографии покрај базен во костим за капење и низа комплименти под истата.
На совршената фигура и усни може да и позавиди и Анџелина Џоли.
Инаку, манекенката Александра Накова се прослави со нејзиното учество во „Танц со ѕвездите“ и „Преживеан“, а потоа долго време ја немаше во јавноста. Но тоа беше од оправдани причини бидејќи во меѓувреме ја роди ќеркичката Леа, а потоа следуваше и тежок период во нејзиниот живот бидејќи се разведе од сопругот и таткото на нејзиното дете, кошаркарот Никола Гајдаџиев. Сепак, манекенката успеа да ги преброди проблемите и во текот на 2017 година повторно почна да се појавува во медиумите, но и се почесто да објавува „пикантни“ фотографии на социјалните мрежи.
Често ги радува своите фанови со фотографии и видеа во „храбри“ комбинации и костими за капење кои само таа умее да ги носи.
Со секоја нејзина фотографија што ќе ја објави на социјалните мрежи покажува дека знае да ужива во животот, а уживаат и нејзините следбеници.
На некои од нив таа многу потсетува на холивудската актерка Анџелна Џоли, посебно кога позираше облечена во црни куси панталончиња и топ во стилот на Лара Крофт, ликот од познатиот филм Том Рајдер со Анџелина.
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова
Фото: Инстаграм/ Александра Накова