Македонка пред да се појави на сцената во Гранд направи нешто што ги шокираше сите – си цврцна paкивче и направи шоу!
Пејачката Данче Јосифоска ги воодушеви сите во музичкото шоу за ветерани „Никогаш не е доцна“.
Таа им 54 години, а со пеење започна да се занимава од пред десетина години кога започна и да настапува низ локали.
Иако има завршено средно музичко училиште, сепак не продолжила со музичко образование.
Настапувала и во младоста, но на 18 години се мажи и добива деца, па одлучила да го остави микрофонот и да се посвети на семејните обврски, а на пеењето ќе мусе врати дури по дваесет и кусур години.
Таа денес има двајца синови кои се нејзина најголема поддршка во животот. Тие се возрасни и имаат свои семејства, а таа сака да продолжи онаму каде што застанала па решила да се дојде во „Никогаш не е доцна“, и да се прикаже во најдобро светло и ќе даде се од себе да стигне до финалето.
Јосифоска ги воодушеви сите и со својата искреност, посебно кога призна што прави пред секој настап.
Имено натпреварувачката призна дека секогаш пред да настапува сака да испие по една paкија за да и се опуштат гласните жици, па така било и пред да излезе на сцената во „Гранд“, Таа вели дека природно е весела жена, а една чашка paкија само и помага дополнително да се расположи.
„Дојдов во бифето и прашав има ли една ракија, добро е да се пивне малце, но не сум пиjaна. Така пред секој настап, барем половина чашка ќе земам, мислам тоа е само за опуштање“, изјави таа и ги насмеа сите.
Инаку за „Никогаш не е доцна“ ја пријавила нејзина пријателка која што е и нејзин стоматолг, и бидејќи со години ја убедувала да се пријави, на крај одлучила сама да ја пријави, без таа да знае.
Данче настапи со песната „Скитница“ и ги воодушеви сите во студиото, и сите беа согласни дека беше маестрална.
„Треба да и се заблагодариш на заболекарката што те пријави. Пееше одлично, прекрасно изгледаш. Ова навистина е за секоја пофалба“, и кажаа по генијалниот прв настап во популарното музичко шоу за ветерани.
Инаку, Јосифоска настапи во црн фустан кој и стоеше преубаво…
Таа целото издание го заокружи со бела огрлица и штикли на кои исто така имаше бел детаљ
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна
Фото: Принтскрин/ Никогаш не е доцна