Македонката со солзи на очите во „Ѕвездите на Гранд“ – мислењата беа поделени, но ова многу ја погоди
И двајцата кандидати со своите настапи ги разочараа претставниците на жирито и завршија во бараж

Славица Ангелова, од тимот на Ѓорѓе Давид, во вчерашната емисија од популарното талент-шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапи во дуел со Алекс Шуковиќ од тимот на Цеца Ражнатовиќ.
Славица овој пат реши да избере песни од Едита Арадиновиќ и Маја Оџаклиевска („Мелек“ и „Да будеш једнако добар“) со кои освои еден поен повеќе од Алекс, но и двајцата не успеаја да освојат доволно гласови за да поминат директно во следниот круг.
„На кандидатката број два и дадов глас бидејќи знам како пееше порано. Првата песна не ми се допадна. Беше напнато и недоволно интересно, не успеа да допреш до нас, додека втората песна беше подобра, како да ја пееше 100 пати, а оваа првата 20 пати.“

„Не знам дали сум во право, но таа разлика се чувствува“, се јави прва со коментар Марија Шерифовиќ и додаде дека и првиот кандидат исто така не ја импресионирал со својот глас.
Потоа коментираше Драган Стојковиќ Босанац кој исто така имаше забелешки и за двете песни на Славица, но како што самиот изјави, и дал глас „зарад мир во куќата и во корист на меѓународни односи“.

Но кога забележа дека пејачката за малку ќе пушти солзи на очите, композиторот и го порача следново:
„Се шегувам, добро пееш, само избирајте подобар програм, некои малку поатрактивни песни“, заклучи тој.

На крај, откако и останатите членови на жирито го кажаа своето мислење се јавија со свој коментар и менторите.

Ѓорѓе Давид и порача на Славица дека има одлична песна за бараж и дека верува дека нема да имаат проблем, додека Светлана Цеца Ражнатовиќ, која му беше менторка на Алекс, му порача дека стопроцентно верува во него и дека е убедена дека тој е одличен пејач за „Ѕвездите на Гранд“.

Славица и Алекс потоа добија уште една шанса во баражот, по што Поповиќ реши да ги пушти и двајцата во следниот круг.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова