Македонката повторно го украде шоуто во Ѕвездите на Гранд – жирито ШОКИРАНО, досега не виделе нешто вакво на сцената
„Треба храброст за нешто вакво“
Битолчанката Марија Груевска направи хаос и во последната емисија на популарното музичко шоу Ѕвездите на Гранд.
Таа повторно се појави во провокативно издание, но и со змија околу својата половина со која ги шокираше сите.
Марија настапи со песна од Тијана Дапчевиќ, „Негатив“, а членовите на жирито беа во шок кога ја видеа во ова екстравагантно издание.
„Треба храброст за нешто вакво“, се сложија тие по нејзиниот настап кој остави впечаток кај сите.
Марија покрај песната „Негатив“ со својот ментор Александар Милиќ Мили ја подготви и „Loco, Loco“ со која се преставија Ураганките на Евровизија.
Сепак, главна фаца во шоуто беше нејзиниот партнер – албино питонот за кој уште долго време ќе се зборува.
Вики вресна кога го виде, додека Давид стана и ја поздрави со аплауз за храброста да настапи во вакво издание.
Кога заврши со својот настап, Ѓорѓе мораше да пријде и да ја бакне змијата фасциниран од шоуто на Марија.
Шоуто заврши со максимален број на гласови, а еднаков број гласови доби и кандидатката Анастасија Ичуруп.
Марија сакаше да покаже колку е креативна и колку излегува од шаблонот, и успешно го направи тоа.
На жирито и се допадна тоа што Марија секогаш настапува професионално и дека натпреварот го сфатила поинаку и на иновативен начин. А бидејќи и двете кандидатки освоија максимален број гласови и во прегласувањето, Саша Поповиќ требаше да одлучи кој оди директно во четвртфиналето. Тој и даде предност на Марија.
Погледнете ги и останатите нејзини изданија…
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска