Македонката и покрај својот талент НЕ помина во „Ѕвездите на Гранд“ – шокантна одлука на жирито, мораше да оди во бараж (видео)
Дуелот помеѓу Славица Ангелова и Игор Кнежевиќ исто така предизвика лавина од коментари.
И покрај тоа што шармантната млада дама од Македонија е извонредно талентирана пејачка, жирито овојпат реши да пресуди во корист на Игор.
Тој со својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“ ги освои сите шест гласови, додека Славица доби четири и со тоа се пласираше во бараж.
По нивниот настап Саша Поповиќ ги потсети сите дека 24 годишниот Игор бил дел од шоуто и во 2010/11 година, кога имал само дванаесет години.
Тој тогаш бил миленик на нацијата, а сега во баражот го бодри неговата ќеркичка Габриела која ги освои симпатиите на сите во студиото, изјави Саша.
По коментарот на Саша Поповиќ се огласија и останатите членови на жирито од кои повеќето беа разочарани од тоа што Славица доби само четири гласови.
„Оваа воопшто не е реално, требаше да биде пет наспрема шест. Момчето пееше многу убаво, но мислам дека Славица е потполно оштетена. Не доби доволно гласови! Мене навистина ме интересира зошто не беше за шест, па по сите параметри беше феноменална“, прва коментираше Вики Миљковиќ која застана во одбрана на пејачката од Македонија.
Потоа се огласи Марија Шерифовиќ, која и покрај тоа што гласаше за двајцата кандидати, коментираше дека Славица имала проблем со втората песна. Според Шерифовиќ во прашање се две претешки песни, па затоа можеби грешката е и во менторот на Славица, рокерот Ѓорѓе Давид.
„Целата сила ти испадна во првата песа. И ти се караш додека пееш, не треба така да се караш, тоа е љубовна песна, разбираш? Што се однесува до вториот кандидат првата песна ја испеа многу добро, а втората коректно, но сé на сé мислам дека заслужувате гласови“, објасни Марија.
Потоа се огласи и Цеца кој исто така мислеше дека Славица е оштетена, а Драган Стојковиќ Босанац имаше конструктивна критика. По Ражнатовиќ, На самиот крај се огласија и менторите, а Ѓоре Давид овој пат се согласи со своите колеги кога е во прашање втората песна
„Точно е дека ти снема сила во втората песна, од тоа и се плашевме дека ќе се случи, но нема врска. Знам дека во баражот ќе растуриш, но морам да кажам кој се добиваше пет гласови, ова е срамно! За тебе, таква пејачка, ти си мајсторе тука навистина оштетена што се однесува до гласовите. Требаше барем пет гласови да имаш, порача рокерот за својата кандидатка.
И како што кажа и самит Ѓорѓе, Славица навистина растури во баражот и беше една од оние што се пласираа во следниот круг.
Таа и со претходните свои настапи ги воодушевуваше сите, а како звучеше во овој круг, слушнете на крајот од галеријата…
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Извор: Гранд.онлајн, Гламур