Реклама
Наши ѕвезди

Македонката и покрај големата трема направи „лом“ – Шерифовиќ ѝ честиташе, Цеца аплаудираше

Еден од нејзините најдобри настапи досега

Реклама

Пејачката од Македонија направи „лом“ на сцената

Скопјанката Андријана Петрушовска имаше уште еден брилијантен настап во „Ѕвездите на Гранд“ со кој ги освои сите гласови.

Таа настапи во дуел со Марта Јовичиќ, која и покрај тоа што имаше температура, реши да се појави во шоуто.

Маркетинг

Но на крај сите беа согласни дека Петрушовска беше многу подобра, што пред камерите го потенцираше и Марија Шерифовиќ.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Од настапот на атрактивната скопјанка беше воодушевена и Светлана Цеца Ражнатовиќ која јавно и упати аплауз.

„Што се однесува до Андријана феноменално. Навистина. И таа борба и таа желба. Уживаш во музиката во секој такт, во сé. Потполно си посветена. Тоа е секако за почитување и браво од мене“, изјави Цеца.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Со сличен коментар беа и пејачките Снежана Ѓуришиќ и Ана Бекута, потенцирајќи дека Петрушивска заслужено ги добила сите гласови, но и дека и другата кандидатка не била лоша, едноставно била послаба.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Бекута потоа ја праша Андријана што значи ‘ајде сега гушни ме’, по што пејачката и преведе што значи тоа.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Аха. Добро, да го научам еднаш овој македонски збор. Прекрасно пееше, прекрасна беше енергијата. Сé беше врв“, и порача Ана.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Потоа настапот на пејачките го коментираше Драга Стојковиќ Босанац кој исто така ги пофали и двете пејачки, а посебно Андријана. Тој забележа и дека Петрушовска напредувала од претходниот круг, но и дека изгледала како да има некој посебен мотив за тоа, по што останатите членови на жирито открија дека на Андријана и е роденден, па и го честитаа, а Шерифовиќ им даде и чоклатце на кандидатките.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

На крај се огласија и менторите на Марта и Андријана, Ѓорѓе и Мили, кои исто така ги пофалија своите кандидатки.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Завршниот збор го имаше Мили кој откри дека Андријана и покрај сјајниот настап имала трема, па ги откри и деталите.

„Пред самиот настап ми покажа со гест да и донесам вода. Кога дојдов со водата ми кажа да го земам и телефонот бидејќи го заборавила текстот од трема. Ми кажа дека не ја знае целата прва реченица од првата песна. Отидов по телефонот, и таа се појави, истрча и целата песна ја испеа во еден здив. Фантастичен борец и фантастичен потенцијал“, откри Мили.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Натпреварувачката потоа откри дека го заборавила текстот и имала трема затоа што премногу размислувала за настапот.

„Не размислувај ништо, еве гледај ме мене. Јас ништо не размислувам и погледни колку сум успешен. Доминирам со сите. Така ли е Поповиќ“, коментираше на крај Мили, а Поповиќ му одговори:

„Сто отсто си во право, верувај ми!“ изјави Поповиќ.

Како изгледаше настапот на Андријана, погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button