Македонката го соблече капутот и направи хаос на сцената – ПОГЛЕДНЕТЕ како изгледаше, ќе се воодушевите
Овој пат беше напнато до самиот крај...
Младата пејачка од Македонија, Милица Трајков, која во претходните кругови никого не оставаше рамнодушен во „Ѕвездите на Гранд“, овој пат не успеа да ги задоволи критериумите на жирито.
Милица со својот сценски настап беше надмоќна над својата колешка, Јована Вељковиќ, со која што настапи во дуел, но освои вкупно пет гласови што не беше доволно директно да се пласира во следниот круг.
Според Светлана Цеца Ражнатовиќ, и двете кандидатки беа добри, а со неа се согласи и Вики Миљковиќ.
Марија Шерифовиќ исто така беше воодушевена од Милица, посебно од енергијата што таа ја покажа на сцената.
Имено, Милица најпрво се појави во долг капут во сребрена металик нијанса, а потоа се соблече на сцената, облечена во кожно од глава до пети, заигра и никого не остави рамнодушен.
Интересен беше моментот и кога нејзината колешка со која настапи во дуел ја покани на сцената, па разменија нежности пред сите.
Сепак, и покрај одличниот сценски настап, Милица не успеа да освои шест гласови колку беа потребни за следниот круг.
Таа шестиот глас не го доби од пејачката Снежана Ѓуришиќ која истакна дека и двете кандидатки не биле добри за директно да се пласираат во следниот круг. Од друга страна, Ана Бекута, која е нејзина менторка, ја посоветува да ги преслуша своите снимки од пробата.
„Милице, тоа што доби глас од Марија, а пееше нејзина песна, тоа за мене е повеќе од доволно. Снежана не само што згреши, ова е за шест гласови“, истакна на крајот Александар Милиќ Мили.
Инаку, Милица во претходниот круг го имаше еден од своите најдобри настапи во популарното талент-шоу. Таа толку беше добра што успеа да ја воодушеви Шерифовиќ која понесена од нејзината енергија во еден момент се качи на масата и заедно направија хаос во студиото.
Но за разлика од претходниот круг, кога директно се пласираше, Милица овој пат заврши во бараж така што беше напнато до самиот крај.
Имено, во петтиот круг во кој има три емисии, поминуваат по 11 кандидати од секоја емисија, а Милица беше една од оние што, по одлука на Саша Поповиќ, успеаја да поминат од баражот.
Како оваа млада дама изгледаше и на своите претходни настапи, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Милица Трајков
Фото: Инстаграм/ Милица Трајков
Фото: Принтскрин/ Јутјуб. Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб. Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб. Ѕвездите на Гранд