Вести

МАКЕДОНИЈА ТАГУВА: Потресно сведоштво за Атина Апостолова

Advertisement

Почина познатата македонска пејачка Атина Апостолова.

Колеги од естрадата, роднини и пријатели се простуваат од неа на социјалните мрежи.

Advertisement

Тажната вест за порталот „ММС“ ја потврди и нејзината колешка Вики Среброва.

„Замина мојата Тинче. Ја барав денес неколкупати, но не ми се јави. Три часа ја барав. Ми стана сомнително и заминав кај неа дома. Кога отидов беше затворено, а живее на приземје. Повторно ѝ ѕвонев и не ми се јави, па се јавив кај сестра ѝ, која ме посоветува да одам од задната страна. Кога отидов погледнав низ прозор, телевизорот работеше, а се’ наместо ѝ стоеше. Се јавив на сестра ѝ и заминав дома. Подоцна сестра ѝ ми се јави и ми кажа дека брат ѝ морал да го скрши прозорот за да влезат и кога влегле ја нашле почината“, раскажува Среброва за „ММС“.

Познатата пејачка и водителка открива делка неодамна Атина имала операција на срце, но дека се’ поминало во најдобар ред.

Апостолова е родена на 20 мај 1946 година во Скопје, каде и дипломирала на Економскиот факултет. Најпозната е по рефрените „Запејте мераклии“ и „Цела вечер ќе ти пејам“, евергрини на домашната фолк-сцена.

Да потсетиме на сцената беше присутна скоро децении и понатаму музиката ѝ бешее најважна преокупација.

Она што малкумина го знаат за неа е тоа дека имаше завршено економски факултет и по професија е економист. Оние кои ја познаваат приватно за неа ќе речат дека е исклучително ведра и секога подготвена за добра песна и дружење.

Жена боем, љубител на доброто вино, друштвото и убавата музика. Секогаш весела и расположена за дружба.

Атина се дружеше со многу јавни личности од македонската сцена, со кои знаат да останат до раните утрински часови во кафеана.

„Многу лесно се собираме и многу лесно окапуваме. Тешко е да не скоршнеш после.

Сите сакаме добра чаша, добро вино и добра песна. Ај стани од нешто убаво што ти е. Во раната зора, денот се разденува, ние се прибираме“, откри пејачката во едно интервју.

Таа истакна дека енергијата ја црпи од Бога. Голем верник е и молитвите и енергијата која ја црпи од нив ја пренесува на другите.

Во едно свое телевизиско интервју кажа дека секое утро ѝ започнува со моитва за здравје на нејзиниот народ и нејзе самата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button