Пријателите се збогуваат со големиот уметник: Војче легендо, ти беше терапевт на нашите души, смеј ги ангелите и нека ти е вечен споменот
Македонија изгуби голем уметник, хуморист, сатиричар и имитатор, човекот кој не смееше до солзи, замина ненадејно, тивко и како што велат неговите пријатели, сам во својот дом – Војче Китаноски, почина на 68-годишна возраст.
Фото Фејсбук
Китаноски е роден во 1955 година во Крапа, Македонски брод. Гимназија завршил во Кичево, а дипломирал на Шумарскиот факултет во Скопје.
Во наследство ни остави „Енциклопедија за хумор и сатира“, „Антологија на 500 вицеви за деца“. Беше 50 години активен како естраден уметник.
Китаноски како хуморист започнал да настапува во 1983 година. Гостувал и на бројни концерти на легендарниот пејач Тома Здравковиќ.
Фото Фејсбук
Беше дипломиран шумарски инженер, а имал и лиценца за туристички водич.
Уште во студентските денови тој почнал да настапува и за себе знаеше да каже дека по некои критериуми тој е првиот стендап комичар кој се појавил во Југославија.
Фото Фејсбук
Китаноски на прославата на Денот на независноста, 8 Септември, пред Владата ги пречекуваше граѓаните облечен како Тито.
„Македонци, дојде Тито да ви го честита празникот 8 Септември“, им велеше Китаноски на граѓаните кои влегуваа во дворот на Владата и голем број од нив застануваа и се сликаа со него, а тој ги поздравуваше како маршалот, кој му беше омилен политичар.
Фото Фејсбук
„Тито е мој идол. Ова е прва прослава на Денот на независноста на која што се појавувам како Тито. Изминативе 10 години не беше безбедно да се појавам на прославите.
Лани бев во Јајце на одбележувањето на 73-годишнината од АВНОЈ, каде што сме признати како држава. Во јуни ќе одам на одбележување на 75-годишнината од битката на Неретва да оддадам почит како на Тито, така и на загинатите”, изјави во таа прилика Китаноски за порталот СДК.
Фото Фејсбук
На социјалните мрежи, неговите пријатели и колеги се збогуваат од големиот уметник.