Македонија може да се гордее со нив – ова се нашите полуфиналисти во „Ѕвездите на Гранд“ (видео)
Мелиса Зијадиќ и болна успеа да се пласира во финалето, а на сцената растурија и Мики Секуловски и Андријана Петрушовска
И Мелиса се пласираше во полуфиналето
Младата пејачка од Македонија, Мелиса Зијадиќ (18), и овој пат со својот талент ги освои симпатиите во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа настапи во дуел со Антонија Черкез и бидејќи имаа еднаков број гласови ги одмерија „силите“ и во акапела пеење.
Мелиса избра македонска народна песна и за нијанса беше подобра така што се пласираше директно во полуфиналето.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Шармантната млада дама од прилепското село Лажани беше пресреќна, а и Цеца не го криеше воодушевувањето.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Посебно беше позитивен коментарот на Ѓорѓе Давид кој на Мелиса и порача дека Македонија може да се гордее со неа, истакнувајќи дека гласал за неа бидејќи пеела многу потежок програм од кандидатката со која што настапуваше во дуелот, но и затоа што ова било најголем напредок за неа досега во шоуто.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, покрај Мелиса во полуфиналето ќе го гледаме и Мики Секуловски кој исто така растури кога се појави на сцената.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
И тој е во тимот на Цеца Ражнатовиќ, а покрај нив во полуфиналето ќе настапи уште една наша пејачка.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Станува збор за Андријана Петрушовска која иако заврши во бараж, на крај сепак успеа да помине во следниот круг.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Имено, Саша Поповиќ не можеше да одлучи кој од кандидатите да го напушти шоуто па на крај ги „шокираше“ сите.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Како што самиот изјави ова е најтешкиот момент во неговата кариера за овие 20 години кога треба некој да елиминира.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
И бидејќи тој треба да донесе одлука, Поповиќ овој пат реши сите кандидати да одат во полуфинале и тогаш да изберат кои од натпреварувачите ќе одат во финале.
„Сега не можам да донесам таква одлука“, изјави Поповиќ со што ја израдува публиката, но и самите натпреварувачи.