Маиците од овој бренд направија вистински хаос – постои дури и листата за чекање на која има преку 2000 луѓе од целиот свет
Маиците на новиот бренд AYR се распродадоа преку ноќ
Маицата „The Supercool“ од стартап брендот AYR (All Year Round) изгледа токму онака како што сакаме. Во прашање е оверајз крој и кратки ракави, а направена е од луксузен и мек памук од Перу. Нивата цена е 65 долари, но проблемот е во тоа што откако брендот објави дека нивните памучни маици во бела и избледено црна боја ќе се најдат во продажба, настана такво лудило што уште во првиот час се пријавиле 250 луѓе за чекање. Денес бројката изнесува и повеќе од 2000 луѓе, па маиците се распродадоа и пред воопшто да стигнат во интернет продавницата. Брендот е создаден пред четири години и се темели на изработка на вонсезонски есенцијални парчиња кои што ги носиме секој ден – баш оние кои постојано ги бараме и кои понекогаш навистина НЕ можеме да ги најдеме.