Личноста родена во знакот на Рак можеме наједноставно да ја опишеме како некој кој е во постојана потрага кон совршена љубов.
Тие секогаш внимателно ќе ве слушаат што им зборувате, а типично за нив е тоа што умеат да ви дадат и одличен совет.На овој маж потребна му е жена која ќе ги средува неговите замрсени преокупации, која ќе го поедностави животот и зацврсти постојаноста.
Во бракот наеднаш се откажува од друштвото и прекинува со сите поранешни авантури. Неверен е единствено ако нема душевен мир или ако почне да пие. Потребна му е практична и работлива жена која не попушта премногу.
Успехот во кариерата кој тие имаат потенцијал да го постигнат, е делумно резултат на нивната настојчивост, интуитивна природа и на нивната способност да комуницираат со другите луѓе. Најверојатно клучот за нивната среќа во кариерата е пронаоѓање работна позиција која претставува спој од креативност и бизнис клима.
Раковите во суштина не се срамежливи. Сетилните доживувања ги прима со зборови и фантазија. Сака интимност во љубовта и во односите, скриена од туѓите погледи. Мажот Рак е нежен и трпелив со партнерката, обожава женска долна облека со чипка. Може да биде уплашен од жена која е премногу искусна и слободна, особено ако има намера да ја земе за жена.