Мажите најчесто мастурбираат под крпите, испуштаат гасови и бараат „среќен крај“ – како изгледа работниот ден на масерките
Три британски масерки решија да ги откријат најнепријатните работи што ги прават клиентите пред и за време на масажата.
„Го извадив пешкирот, а тој мастурбираше”, вели Април Чуно, 41, кој живее во Колчестер. „Доаѓаат чудни момци кои сакаат да бидат голи, но на таквите клиенти веднаш им ги кажуваме правилата. И тука нема исклучоци“
Април вели дека едно време често во нивниот салон доаѓале парови од кои едниот често би се опуштил и при масажата би испуштил „издувни“ гасови. Таа, исто така, открива дека често добивала пораки во кои била прашувана дали има специјални понуди, пишува британскиот таблоид The Sun.
„Секогаш ги терам своите клиенти да го напишат тоа што го бараат, но има и такви кои ме прашуваат за секс, но јасно им одговарам дека не сум проститутка, вели Април, додавајќи дека има голем број на понуди во кои се бара по масажата „хепи-енд”. „Па, тоа е навредливо за мене. Учев четири години да станам квалификуван масажер”.
„Има многу клиенти кои го менуваат дишењето за време на масажата. Така еден клиент почна поинаку да дише, па решив да му го тргнам неговиот пешкир и забележав дека тој се пипка по своите гениталии. Веднаш го натерав да се облече и да си замине“, раскажува таа.
Ема Пирс, 35, од Корнвол, вели дека редовно разговара со клиентите за време на масажата. „Она што луѓето ми го зборуваат постојано ме изненадува – слушам за афера, раскинувања и слично…“ Таа вели дека најлошиот дел од работата е масажа на нозете. „Тие мислат дека добиваат посебна масажа на нозете, а јас всушност им ја чистам смрдеата од нивните прсти “.
Нејзиното златно правило е да не ги масира стомаците на мажите. „На курсот што го посетував ни рекоа дека таа масажа предизвикува ерекција”.
Ли Бејли (40) од Стаблед Абботс, го предводи Mind Body Spirit Spa u Essexu и има четири години работно искуство. Нејзиното правило е дека мажите не смеат да се соблечат по гаќи.
„Дали имате среќни завршетоци”, прашањето кое често го слушам, и одговорот постојано ги разочарува клиентите. “Јасно е дека некои од салоните ги исполнуваат таквите барања и затоа е непријатно за клиентот кога ќе дојде во салон и открие дека дошол на погрешно место на масажа”.