„Луѓе, не се шегувајте со оваа болест“ порача познатиот пејач заболен од корона од болничката постела
Сани Ибраимов од познатата српска група Трик ФХ со трогателен пост се јави од болничка постела.
Сани откри дека се заразил од коронавирус и додаде како се чувствува овие денови.
– Па сега сум добро, но бев многу лошо пред неколку дена. Да им кажам на сите дека не треба да се шегуваат со оваа болест, рече тој.
– Морам да признаам дека до сега се придржував до се, носевме маски и не се дружевме со многу луѓе. Одбегнував контакт, немам претстава каде можело тоа да ми се случи. Се се случи наеднаш, искрено зборува тој.
Сани открива дека тој е пациент со лесни симптоми.
– Јас сум пациент со полесни симптоми, но сепак ми беше тешко. Пребродив некои полесни работи. Сега ми е многу подобро, но кога дојдов ми беше многу лошо. Благодарение на Наталија отидов на преглед, да не беше таа не би отишол, рече Сани за едно популарно ТВ шоу.
https://www.instagram.com/p/CCGos6NHXVO/