Реклама
Вирално

Луѓе, не правете го ова! Фотографии од маркетите во Македонија што ќе ви покажат како не треба да се однесувате во време на епидемија

Реклама

Сопатниците на првозаболената немаат корона вирус

Фото: Приватна архива

Според последните известувања од министерството за здравство вчера беа тестирани на корона вирус 4-те лица од Струмица – поврзани со првата пациентка. Нивните тестови се негативни на вирусот. Претпладнето беа тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати исто така беа негативни на коронавирусот.

Практично, сите сопатници од комбето на првозаболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот.

Маркетинг

Попладнево на корона вирус беа тестирани уште 7 лица со индикации и нивните тестови се негативни.

Фото: Приватна архива

Инаку, министерот Венко Филипче вчера најави построги мерки за заштита од корона вирусот, па најголем дел од рестораните и кафичите ја испочитуваа мерката и престанаа со работа по 18 часот.

Маркетинг

Докторите препорачуваат ако редовно ги миете рацете и водите грижа за здравјето тогаш нема место за паника.

Фото: Приватна архива

Но очигледно дека тоа на некои граѓани не им е доволно, па почнаа да прават дармар низ продавниците и маркетите за да складираат храна заради опасноста од ширењето на епидемијата од коронавирусот.

Фото: Приватна архива

На фотографиите јасно се гледа кои намирници ги снемува од рафтовите бидејќи луѓето се во страв од епидемија.

Фото: Приватна архива

Но, надлежните предупредуваат дека нема место за паника и дека граѓаните би требало да ги слушаат советите на докторите и официјалните соопштенија од надлежните институции, а не да складираат храна без потреба бидејќи со таквата постапка само шират паника меѓу своите сограѓани.

Фото: Приватна архива

Ова го препорача и техничкиот премиер Оливер Спасовски кој побара од сите граѓани и институции да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, а до граѓаните упати порака дека не треба да се празнат маркетите. Тој исто така го охрабри и апелот на МВР корисниците на социјалните мрежи да не шират лажни вести, бидејќи тие создаваат неоснована паника.

Фото: Приватна архива

Што се однесува до изборите, Спасовски по лидерската средба што се случи вчера изјави дека се уште не е разговарано за одложување на изборите, бидејќи лидерите сметале дека засега не треба да се носи таква одлука.

Фото: Приватна архива

„Во овој момент не разговаравме за одложување на изборите, сметаме дека сега не треба да се носат такви одлуки“, вели Спасовски. Но, лидерите се договориле дека ако има потреба ќе седнат и ќе разговараат за сите прашања. „Сега е важно да се однесуваме одговорно и да знаеме дека ситните партиски поени нема ништо добро да донесат. Политичките партии треба да имаат уште поголема одговорност. Кризниот штаб преку мејлови ќе ги информира и политичките партии за сите новини во врска со коронавирусот“, рече Спасовски.

Фото: Приватна архива

Кафулињата да работат до 18 часот, гостите да седат на оддалеченост од 2 метри

Покрај одлуката што на вчерашната прес-конференција ја соопшти министерот за здравство Венко Филипче, кафетериите и рестораните да го скратат работното време до 18 часот и, истовремено, да го преполоват капацитетот на присутни гости, за да има дистанца меѓу нив, тој кажа и дека се затвораат и сите места каде што се собираат граѓани, како вежбалници, кина, театри и обложувалници, а се откажуваат и сите кино-проекции, театри и концерти.

Фото: Приватна архива

Министерот за здравство Венко Филипче исто така испрати и апел до граѓаните кои имаат симптоми што ги предизвикува корона вирусот, да не одат во здравствените институции или болници каде би можеле да заразат болните пациенти, туку да се обратат на дежурните епидемиолози на некои од следните телефонски броеви кои се поделени по региони.

Покрај ова, министерот Филипче пред неколку дена соопшти и дека сите информации за коронавирусот, прес-конференции, одлуки од седница на влада, прашања и одговори, како и листата на земји со ниско, средно и високо ниво на ризик од коронавирус можат да се следат на веб страницата на министерството zdravstvo.gov.mk/korona-virus/ – која постојано се ажурира, но можни се повремени отстапувања.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button