Луксузната вила на Наташа Беквалац е парче од рајот за кое секој сонува – погледнете ги убавините во кои ужива познатата пејачка
Поп ѕвездата Наташа Беквалац со години инвестираше во фарма која се наоѓа во село во близина на Нови Сад.
Па така на Ната деновите во изолација не и паѓаат толку тешко, бидејќи веќе одамна си замина од бучниот Белград во Ченај, каде го изгради својот вистински мал рај.
Познатата русокоса го поминува своето слободно време со своите ќерки, а најмногу и е посветено на помладата Катја. Во тоа се увери и екипата на „Папарацо лов“, кои ја снимаа Наташа додека се игра во дворот со својата ќеркичка.
Со нив цело време уживаше и нивното милениче, а папараците една од најубавите балкански пејачки успеаја да ја снимат во целосно опуштено издание, во какво навистина ретко ја гледаме – обична црна маица и тренерка, во папучи и со собрана коса на главата.
Најголемо внимание секако го привлече луксузната вила, која зазема централно место на просторниот имот на Беквалац, кој потполно е заграден со зеленило.
Од снименото можеме да видиме дека Беквалац имотот го средила тип топ и дека се држи под конец.
Како што се шушка, Наташа инвестирала неколку стотици илјади евра во изградбата на куќата, која, очигледно, добро и се исплати. Во прашање е луксузна куќа во која има современа кујна, огромна дневна соба, две купатила и повеќе спални соби, како и два пространи балкони. Покрај главниот има и повеќе помошни објекти на парцелата.
Посебен шарм дава градина на која пејачката и членовите на нејзиното семејство очигледно посветила посебно внимание, а вистинското место за уживање е базенот во кој Наташа ужива со пријателите во летните месеци.
Стан од 300.000 евра
Инаку, и станот во кој живее Наташа важи за вистинско парче од рајот. Во прашање е недвижнината од 150 метри квадратни за која пејачката издвоила 300.000 евра.
Во станот им три спални соби, голема дневна, трпезарија, кујна, голем балкон и два тоалети.
Во едната спална спие Наташа со нејзината помлада ќерка, а во другата постара наследничка Хана, додека во третата дадилката што ги чува ќерките.
Во кујната доминира белата боја, дневната соба е уредена со стилски мебел, а спалната соба е во женствен стил.
Во станот има и една цела просторија која на Ната и служи само како гардеробер.