Вести

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ СО БУГАРСКИ ПАСОШИ – Ова никој не го очекуваше!

Advertisement

Македонците со намален интерес, но се уште први на списокот на баратели на бугарски пасош.

Ова го покажуваат податоците објавени од „Еуроактив“ за издадени бугарски пасоши по потекло во 2022 година, во кои од вкупно 7.410 пасоши, 1.992 завршиле во рацете на македонски државјани.

Advertisement

Втори на ранг листата се Украинците со 1.639, трети се Турците со 1.290, по што следат Србите со 556 добиени пасоши.

Македонците иако се најбројни, сепак споредено со бројките на издадени пасоши во годините претходно 2021 и 2020, покажува дека трендот на вадење бугарски пасош е повеќе од преполовена. Во 2021 Бугарија издала 7.696 пасоши на Македонци, а во 2020 на 9.098.

Advertisement

Десет години претходно, поточно од 2010 до 2020 година бугарски пасош добиле 66.000 Македонци, што споре податоците презентирани во бугарското собрание во 2020 година било 90 проценти од вкупно поднесените барања за бугарски пасош од македонски државјани – 78.000.

Речиси сите бугарски пасоши на македонските државјани им се издадени по основ на нивно бугарско потекло.

Доколку се соберат бројките на бугарски пасоши за макеоднски граѓани од 2010 до денес, се доаѓа до бројка од 84.786.

Пратениците во бугарскиот Парламент во прво читање гласаа за измените во Законот за бугарско државјанство со кои јавно ќе биде објавен регистарот на сите лица кои имаат бугарски пасош.

Бугарскиот европарламентарец Андреј Ковачев, кој е познат по своите антимакедонски ставови, на својот фејсбук-профил веднаш ја поздрави оваа одлука на бугарските парламентарци.

„Церемонијата за добивање бугарско државјанство ќе биде свечена и јавна. Регистарот на сите приматели на бугарско државјанство станува јавен.

Со најновата измена јавно ќе бидат познати сите наши сонародници од Република Северна Македонија кои се стекнале со бугарско државјанство во последните 22 години врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест.

Така, овие над 120.000 македонски Бугари, меѓу кои има и многу поранешни и сегашни политичари, пратеници, министри, градоначалници, раководители на сектори, раководители на партии, сопственици на медиуми и телевизии, новинари, коментатори, како и нивните семејства ќе бидат јавно заштитени од омразата, говорот и дискриминацијата на македонските институции поради тоа што се чувствуваат Бугари.

Оние кои се ‘принудени’ да се претворат во јавни бугаромразичи само за да го сокријат своето бугарско потекло и самосвест нема да имаат повеќе причина да го прават тоа.

Очекувам, по второто читање, брзо усвојување на измените на законот“, напиша Ковачев.

Со предложените измени за добивање на бугарско државјанство задолжително ќе биде познавањето на бугарскиот јазик.

При поднесување барање за бугарско државјанство на основа на бугарско потекло, ќе се укине условот предок на апликантот да починал како бугарски државјанин.

Лицето ќе треба да има чисто криминално досие и тоа не само во Република Бугарија, туку и во неговата земја на потекло, односно во земјата на живеење.

Ново е и дека ќе може да се поднесе барање за државјанство по однос на натурализација, а лицето ќе треба да поднесе молба за откажување од тековното државјанство.

Исто така, се предлага да се скрати периодот за поднесување документи за ослободување од друго државјанство, како и да се унифицираат условите за стекнување бугарско државјанство при брак со бугарски државјанин, со воведување на услов за тригодишен период на вонбрачна заедница но кој нема да биде применлив доколку се покаже дека бракот е фиктивен.

Во таков случај бугарското државјанство ќе биде одземено.

Претседателот на бугарската фондација Македонија Виктор Стојанов упати закана до Македонците од Пустец, предупредувајќи ги дека ако не се попишат како Бугари на пописот кој е во тек во Албанија, ќе им бидат одземени бугарските пасоши.

„До сите жители на општина Пустец, Албанија:„Доколку сега на пописот не се пријавите како етнички Бугари, во најкус можен рок ќе ви бидат одземени бугарските државјанства, а доколку сте во постапка – веднаш ќе ви бидат прекинати процедурите. Веќе имаме еден таков случај. Размислете“ им порача Стојанов на Македонците од Пустец.

Претходно, како засилена бугарска пропаганда врз Македонците во Албанија, тамошните македонски здруженија ја оценија посетата на бугарската потпретседателка Јотова.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button