Реклама
Наши ѕвезди

Линија каква секој посакува – еве како изгледа водителката од „Брза кујна“ два месеци по породувањето

Реклама

Откако се појави во емисијата „Брза кујна“, македонската водителка Александра Илиевска прилече големо вимание.

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

Откако се повлече од камерите и престана да со водењето на емисијата, водителката се пренасочи на социјалните мрежи односно стана инфлуенсерка. Но, тоа не значи дека засекогаш затворила врата на својата кариера, туку само привремено.

Нејзините обожаватели со нетрпение ја чекаат секоја нејзина објава на социјалните мрежи, а таа е постојано под будното око на медиумите.

Маркетинг
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

Александра дефинитивно ги живее најубавите мигови од нејзиниот живот. Нејзината најголема желба се оствари. Иако периодот на пандемијата за многумина донесе тага и несреќа, тоа не беше случај со водителката.

На 23. јануари таа се оствари во улога на мајка и на свет ја донесе својата прва ќерка Сара.

Маркетинг
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

Дека навистина ужива во новата улога сведочат фотографиите кои ги споделува на социјалните мрежи.

Алесандра беше од оние трудници кои навистина уживаа во бременоста. Се чини како воопшто да не доби вишок килограми и дека многу брзо по породувањето ќе се врати во форма. Не престана да биде активна на социјалните мрежи и постојано ги информираше фановите како тече бременоста.

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

„Тоа што сум бремена значи дека секој ден сум за еден ден поблиску до средбата со другата љубов на мојот живот“, напиша шармантната водителка под нејзината фотографија на Инстаграм

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

.
Веднаш по породувањето таа на социјалните мрежи сподели фотографија од својата спална соба која беше преполна со подароци и балони во чест на малата Сара.

Водителката во едно свое интервју откри зошто таа и сопругот се одлучиле за ова име.

„Имавме неколку имиња кои ни се допаѓаа и многу бевме неодлучни. Старосватицата ми подари и книга, речник на лични имиња за да имаме повеќе инспирација, па така имавме пет имиња кои ни беа во потесен избор, но сопругот сепак остави на мене. Кога се породив и ја имав во раце првото име кои ми дојде да и го кажам беше Сара, таа е наша мала слатка принцеза.

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

Симпатично беше дека некои од пријателите не зезаа за избор на некои од имињата, но кога им ја пративме на слика беше преубава реакцијата дека кое име и да сме го одбрале таа ќе го украси со својата убавина. И навистина е така, самата личност го прави името кое детенцето со својот карактер и харизма го краси“, кажа Александра.

Фановите ги изненади откако објави и прва заедничка фотографија од нејзиното семејство. На лицата а водителката и нејзиниот опруг се забележува неизмерна среќа откако станаа родители.

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

„Најмагичниот ден од мојот живот е денот кога станав мајка“, напиша Александра во опис на фотографијата.
И самата водителка вели дека не може да поверува дека ѝ е доделена толку важна животна улога и дека Сара е најубавото нешто што ѝ се случило.

Таа откри дека и покрај пандемијата и новонастанатата ситуација поради коронавирусот, бременоста ѝ поминала одлично.

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

Александра се породила на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, а породувањето го извршил д-р Горан Кочоски, кој ја следел целата бременост на водителката. Сопругот на Александра не присуствувал на породувањето, но водителката уште само десет минути по породувањето веднаш му испратила фотографија од бебето на Александар.

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

На својот Инстаграм профил таа сподели со своите обожаватели и како ја уредила собата на бебето.
Минималитички, едноставно, во собата преовладуваат две светли бои.

„Ние ја претворите малата соба на нашето новороденче во вистинска бајка“,напиша водителката во опис на фотографијата.

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

Првите пролетни сончеви зраци секој од нас се труди максимално да ги искористи. Така Александра одлучи да прошета со својата Сара во градскиот парк.

Она што многумина забележаа е тоа дека водителката изгледа неверојатно само два месеци по породувањето. Линија ѝ е доведена до совршенство и нема проблеми со килограмите.

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

Од приложеното се гледа дека Александра ужива во секој момент, а нејзините фанови со нетрпение очекуваат таа да се врати на малите екрани. До тогаш погледнете некои од нејзините фотографии објавени на социјалните мрежи.

ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм
ФОТО: Александра Илиевска / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button