Лила се соблече и го истопи снегот на Копаоник – вoдителката е како виното, изгледа брутално
Неколку фотографии на нашата позната водителка кои со денови ќе ви се вртат низ мислите
Празник за очи
Нa нашата позната водителка и кога е студено време и кога има снег не и пречи да се соблече и да ужива во костим за капење.
Тоа можевме да го видиме и од нејзините последни објави на кои таа полна со елан се бањаше во топли, отворени базени во Копаоник.
Водителката е на зимување со уште неколку свои пријателки, а како изгледа во ова свое издание, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Облечена во црно, едноделен костим за капење Лила ни покажа дека омилена занимација и беше бањање во базените, но и уживање во солената соба која навистина изгледаше импозантно.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фотографиите на кои позира во костим за капење ги воодушевија сите, а голем дел од нив и порачаа дека никогаш не изгледала поубаво и дека се уште важи за една од нашите најубави познати дами.
„Живеј го животот и остани млад“, напиша таа под фотографиите.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
„Прекрасна Лила, ко девојче си“, „Царица“, „Празник си Лиле“, „Ау, се држиш“, „Топ мачка, браво за тебе“, беа само некои од коментарите што нашата водителка ги доби од бројни обожаватели на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Покрај фотографиите на кои позира во црниот костим за капење Лила сподели и неколку објави со кои покажа како ужива на оваа планина. Таа позираше облечена во бела скијачка облека, а во продолжение погледнете како изгледаше и во ова свое издание…