Лила позираше во хеланки, сите гледаат во овој необичен детаљ и се чудат – водителката изненади и со скапоцената брендирана чанта!

На социјалните мрежи сите зборуваат за Лила Филиповска

Нашата позната водителка, Лила Филиповска, деновиве го прослави својот јубилеен 50-ти роденден, но на нејзиниот беспрекорен изглед можат да и завидуваат многу помлади колешки. Тоа впрочем можеме да го видиме и од последното нејзино издание со кое се прошета низ улиците на Скопје, а со кое никого не остави рамнодушен.
Имено, Лила овој пат носеше „all black“ издание кои го зачини со голема чанта од познатиот бренд „Луј Витон“.
Таа носеше хеланки и кожена јакна кои совршено ги вклопи со чантата за која ви треба поприлично длабок џеб.

Но она што ги изненади сите е што водителката не носеше високи потпетици, туку рамни моторџиски чизмички.

Тие совршено се вклопија во целото ова фенси кежуал издание, а како таа изгледаше погледнете во продолжение.

„Одам по патот што го сонив, лево љубов, а десно музика“, напиша Филиповска во описот на фотографиите, а комплиментите на социјалните мрежи на сметка на нејзиниот изглед не престануваат да се редат.

Инаку, шармантната водителка важи и за една од најпознатите дами на социјалните мрежи во нашата земја.

Покрај спонзорираните објави и оние од нејзините патувања, водителката редовно ги воодушевува фановите на социјалните мрежи и со своите модни комбинации.

И покрај тоа што заплови во шестата деценија од животот, Лила се уште плени со својот изглед, но и со својата позитивна енергија.
Секогаш насмеана и полна со елан Филиповска никого не остава рамнодушен, и е совршен пример дека постојат жени кои се како виното.

Како минуваат годините таа изгледа се подобро и подобро, а тоа впрочем може да се види и од нејзините фотографии.

Некои од нив, на кои Лила изгледа минимум 10-20 години помладо, погледнете во продолжение.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
