Реклама
Uncategorized

Лила откри кој најмногу и помогнал во тешката борба: Имам дете за кое мора да живеам, таа мисла ме водеше до патот кон победата!

Лила се чувствува подобро од било кога...

Реклама

Популарната водителка Лила Филиповска пред неколку месеци си ја отвори душата и проговори за болеста со која се соочи и која успеа да ја победи.

фото инстаграм/Лила Филиповска

Лила Филиповска е синоним за храбра жена, борбена, упорна, жена победник.

фото инстаграм/Лила Филиповска

Иако водела битка со многу силен непријател, таа уште еднаш докажа дека не се откажува и дека упорноста води кон победа.

Маркетинг
фото инстаграм/Лила Филиповска

Долго време криеше дека имала канцер, но неодамна, откако извојува победа над болеста, таа одлучи да проговори и со својата приказна да биде пример за сите останати кои се соочуваат со истиот предизвик.

фото инстаграм/Лила Филиповска

Во едно неодамнешно интервју Лила откри дека мачорот Рагнар бил еден од оние кои најмногу и помогнале во тешката ситуација.

Маркетинг
фото инстаграм/Лила Филиповска

-Болеста ми донесе мноу повеќе храброст за многу работи кои ми било страв порано да ги направам, штом го победив ова зло, можам да победам се и така и се чувствувам, посилно од било кога а секако и нов имиџ ми донесе, рече Лила во емисијата Ексклузив.

фото инстаграм/Лила Филиповска

-Не сменив ништо од мојот начин на живот, освен малку да се одморам или да го успорам темпото. Јас не сакав да дозволам тоа да ми влијае. Тоа е човечки никој не е постојано позитивен, нормално е кај човек да имаш и вакви и такви чувства. Стравот е најголемиот непријател, за се не само за болестите. Тоа е нешто непостоечко, само во нашата глава. Едноставно е, кога не се чувствуваш добро, седиш дома, лежиш гледаш телевизија, кога ќе ти биде подобро ќе се вратиш, ќе работиш на себе, ќе си викаш добро да, не е лесно, не е едноставно ама што да правиме. Си го сакам животот, си ја сакам работата, имам дете за кое што треба да живеам така што мора така да се размислува.

фото инстаграм/Лила Филиповска

-Добро знаеш дека генерално домашните миленици посебно машките многу чувствуваат, луѓето кои не чуваат домашно милениче нема да ме разберат, но јас велам како може Рагнар толку да сака без да каже ниту еден збор. На таква љубов која што ќе ти го стопли срцето, колку и да сум нервозна и тажна, само што ќе го видам како нешто прави, па ќе дојде ќе се галиме, ќе ме изгребе, ќе заспие… Тој беше еден од моите лекови додека ми траеше лекувањето ако не и најважниот.

фото инстаграм/Лила Филиповска

Лила изјави дека постои можност да издаде своја книга.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button