Лила и на минус десет степени во костим за капење – водителката покажа и со кого ужива во базенот
Еден ваков одмор и беше повеќе од потребен
Водителката ужива во својот одмор
Нашата позната водителка Лила Филиповска покрај тоа што изгледа сјајно, гледачите ги освојува и со својот шарм.
Таа едноставно зрачи со својата позитивна енергија и каде и да се појави знае како да го привлече вниманието на себе.
Но овој пат таа тоа го направи на социјалните мрежи, објавувајќи фотографии од своето зимување на Копаоник.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Имено, таа овој празничен период реши да направи пауза од своите обврски и да си ги наполни батериите за нови предизвици.
На својот профил на социјалните мрежи објави неколку фотографии и „сториња“ со кои покажа како си го минува времето, а најмногу внимание привлече секако со снимките на кои се гледа како ужива со уште една своја пријателка во топлиот отворен базен додека насекаде наоколу има снег и температурата е во „дебел“ минус.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Облечена во црн, едноделен модел на костим за капење Лила уживаше додека се бањаше, а нејзината објава веднаш привлече внимание.
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Многумина од нејзините бројни фанови не криеја дека радо би се нашле на нејзино место или во нејзино друштво, а не недостасуваа ни овој пат комплиментите на сметка на нејзиниот изглед.
Како Лила изгледаше во ова свое издание, погледнете во продолжение…