Малопродажниот синџир Лидл, дел од германската групација Шварц, наскоро ќе започне со работа во Македонија.
Покрај купувањето земјиште за изградба на продавници, на огласите за вработување постојано се бараат лица кои би се вработиле во логистички центар, најверојатно во Куманово и во продавниците што би се отвориле во повеќе градови низ државата.
Лидл започна со подготовки за градежни активности на местото на некогашниот Бриколаж. За таа цел Лидл го купи имотот од 16 000 метри квадратни и ќе инвестира вкупно 14 милиони евра во изградба на маркет. Градежните работи се очекува да започнат летово.
Ова е продолжение на плановите за проширување на Лидл во Македонија.
Лидл е дел од Schwarz Group која е една од водечките компании во малопродажната индустрија на храна во Германија и Европа. Лидл моментално работи со над 12 350 маркети и повеќе од 220 логистички центри и магацини во 31 земја. Во Лидл има околу 375 000 вработени на меѓународно ниво.
Покрај Кавадарци, Битола и Гази Баба, ЛИДЛ официјално купил парцели во Тетово и Кичево. Ова за Фактор го тврдат упатени извори, кои бараат да останат анонимни.
Во Тетово парцелата се наоѓа веднаш до Палма Мол, а парцелата во Кичево е во кругот на старата фабрика Тане Цалески.
– Парцелите во Тетово и Кичево се по 10 000 метри квадратни, велат извори за Фактор.