Лејла Рамковска: „Јогата е мир, љубов и сочуство кон самите себе“

ADVERTISEMENT

Вистински начин да пробате да го смирите духот на своето тело е да почнете да практикувате јога. Во продолжение разговаравме со јога инструкторката Лејла Рамковска која има многу да каже на оваа тема. Таа е една од најпознатите инструкторки по Аштанга јога во Македонија, па со неа поразговаравме за некои основни работи поврзани со оваа древна метода, но и што е она во кое што јогата би можела да ни помогне и како таа самата ја доживува и практикува.

Што претставува јогата за Вас?

Искрено, можам многу да зборувам на оваа тема, меѓутоа првиот збор што ми паѓа на памет, што за мене претставува јогата е мирот.

ADVERTISEMENT

Второ е љубов и сочуство кон самите себе.

Кои се бенефитите од практикувањето јога?

Бенефитот е генерално подобрување на психо-физичката состојба во секое поле.

ADVERTISEMENT

Колку време ви беше потребно за да ги совладате тајните и да станете јога инструктор?

Како јога инструктор јас, а верувам и сите останати ни е јасно дека никогаш не престануваме да учиме во животот. Се чувствувам  како да сум се уште на почеток меѓутоа уживам во секој стадиум и постојано учам нешто ново.

Инаку временски, јогата, на почеток само како физичка пракса, а сега многу пошироко, во животот ми е присутна веќе четири години.

На кој начин јогата може да го подобри нашето здравје? Како вежбањето влијае на нашето тело?

Од почетно ниво, со самото тоа што се чувствуваме подобро, немаме болки на вратот и грбот… Постигнуваме баланс помеѓу силата и флексибилноста. Со тренинг на нашиот ум и тело стекнуваме целосно присуство на свесноста, а со тоа и самодоверба и верба. И тоа на крај придонесува да имаме подобро здравје, но и подобар надворешен изглед, секако, бидејќи нашето чувство и смиреност одвнатре се манифестира и рефлектира и надвор.

 

Како треба бремените жени да практикуваат јога?

Бремените жени зависно од тоа дали и колку време претходно практикувале јога… според тоа се почнува или продолжува со пракса. Меѓутоа тоа е посебна обука, за која не би можела многу да кажам.

 

Фото: Амел Амед

Facebook Comments
(Visited 1.284 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT