Лејла Залихиќ, жена херој: Скокнала во водата, испливала три километри и ја спасила ќерка си
Лејла Залихиќ од Буторовиќ Поље кај Коњиќ и го спасила животот на својата ќерка на начин на кој можат само најхрабрите, а тоа секако се мајките.
Според сведоштвата на жителите на Коњиќ, Лејла испливала три километри за време на катастрофалните поплави кои зафатија делови од Босна и Херцеговина и предизвикаа огромни штети и однесоа најмалку 16 животи.
За време на хаосот што настанал, нејзината 13-годишна ќерка паднала во водата која ја однела на речиси три километри.
Но Лејла веднаш тргнала по неа, скокнала од третиот кат од куќата и пливала и успеала да ја спаси. Едноставно, жена херој.
Како што дознава Аваз.ба, мајката е хоспитализирана, а ќерката е на безбедно.
Големи поплави во текот на ноќта ги погодија јужните делови на Босна и Херцеговина. Двоцифрена бројка загинати, а се уште не се знае колку.
Водата влезе во станбените згради, патиштата и автомобилите се под вода, а наставата е откажана на повеќе места.
Според последните податоци, пронајдени се 16 тела на жртвите, додека медиумите јавуваат и за 17. пронајдени на подрачјето на Јабланица, кои биле жртви на поплави и одрони од карпи. Официјално, 12 лица се пријавени за исчезнати во Доња Јабланица, додека медиумите јавуваат дека има десетици случаи. Едно лице загина во Бутуровиќ Поље во општина Коњиќ, а се трага по уште четири лица. Тројца удавени лица се пронајдени во Фојница во централна Босна.
Сообраќајот на главниот автопат кон Мостар се уште е во прекин, бидејќи дел од патот се урна во реката Неретва. Во оваа општина и соседниот Коњиќ има голем број населени места кои се уште се отсечени од светот. Материјалната штета е огромна, а помош за Босна и Херцеговина најавија Европската Унија и соседните држави како Хрватска, Србија, Македонија.