Летување во Албанија: Туристите се изненадени од ниските цени, јадење и пиење чини помалку отколку во Охрид
Нашиот сосед Албанија е една од земјите во која може да се влезе без ПЦР тестирање, и да се летува убаво и евтино. Освен за македонските туристи оваа летна сезона Албанија стана примамлива дестинаци и за Србите, кои претходните години традиционално летуваа во Грција, и за нив оваа летна дестинација не беше воопшто привлечна.
„Во Албанија може да добието квалитет, професионализам и големо почитување од албанските угостители и хотелиери. За тоа сведочат и нашите туристи кои се денеска на летување во таа земја“, вели Никола Вуљај, директор на канцеларијата на Стопанската комора на Србија во Албанија.
Исто така и цените се од 30 и 50 отсто поповолни отколку во Грција.
Во Саранда, српските туристи можат да одат низ Македонија, но не и преку Црна Гора.
Најевтина варијанта во приватно сместување во Саранда за четиричлено семејство на почетокот на август изнесува 170 евра, колку што чини изнајмување апартман кој не е категоризиран. Апартманот има вкупна површина од 50 м2 и поседува две спални соби и бања, а од центарот на градот е оддалечен околу 750 метри.
А во еден од хотелите со три ѕвездички за седум ноќи, исто така од почетокот на август, потребно е да се издвојат 180 евра. Хотелот се наоѓа на само 150 метри од центарот на летувалиштето.
Патарината во Албанија чини 5 евра по правец.
Во Албанија сместување може да се најде и приватно, без агенција, и чини од 12 евра по лица, додека хотел на плажа нуди соби за 35 евра.
Во Драч на пример капучино чини 140 леки (1,2 евро), а еспресото и домашното кафе се помалку од евро.
Од безалкохолните пијалоци, Кока-колата е евро ипол, (180 леки), водата 50 леки.
Туристите кои годинава летуваа во Албанија се прилично изненадени од професионалноста на угостителите и ниските цени.
„Изгледа дека е поевтино дури и од Србија кога станува збор за храната и пијалокот. Гирото е три пати поевтино отколку што го плаќав минатата година во Грција, како и мориските плодови кои се значително евтини“, вели еден турист на летување во Албанија.